-->
-->
Пренасочување на сообраќајот на Водно
-->
На планината Водно кај Скопје денеска ќе се одржи спортската манифестација „Европско атлетско првенство во планинско трчање“.
Најавено е учество на 250 атлетчари од 29 европски држави.
Во тек на манифестацијата, во организација на Атлетската федерација на Македонија, ќе биде пренасочен сообраќајот до Средно Водно.
Од седум до 16 часот ќе се пренасочува сообраќајот на улица „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект хотел „Панорама“ па се до Средно Водно, како и од село Нерези (етно село) до Средно Водно, информира СВР Скопје и апелира до граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни мерки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач
-
Лабуристите победија на изборите во Велика Британија - Кир Стармер ќе биде новиот премиер
-
Сончево и топло, до 34 степени