Преминување на американски воени бродови низ Тајванскиот теснец не е промена на американската политика кон Кина
Преминувањето на два американски воени брода во меѓународните води во Тајванскиот теснец претходно денеска е целосно во согласност со американската политика на „една Кина“ и обезбедување слободен и отворен индо-пацифички регион, изјави претставник на Белата куќа.
„Ова преминување беше планирано одамна“, изјави за Си-Ен-Ен Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на САД. Тој додаде дека минувањето на двата брода „е целосно во согласност со нашата политика на една Кина и нашата желба да работиме за да обезбедиме слободен и отворен индо-пацифички регион“.
Портпаролот на Белата куќа ги даде коментарите по повод првото минување на американски воени бродови низ Тајванскиот теснец по посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван претходно овој месец.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом