Премиерот Зоран Заев испрати порака на Меѓународниот ден за прекинување на политиката на неказнивост на насилството врз новинарите
На Меѓународниот ден за прекинување на политиката на неказнивост на насилството врз новинарите, на неговиот Фејсбук профил се огласи премиерот Зоран Заев:
На Меѓународниот ден за прекинување на политиката на неказнивост на насилството врз новинарите, сакам да потсетам на ставот на оваа Влада: Нула толеранција за било какви закани, уцени врз новинарите и медиумските работници и за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето.
Во изминативе две и пол години, како Влада заедно со сите засегнати страни континуирано работиме во интерес на новинарите, нивните права и нивната безбедност во остварувањето на нивните задачи.
Тие што ја загрозуваат новинарската професија во исто време ја рушат демократијата.
Изминавме долг пат за да дојдеме до ова ниво, како што доликува на едно современо демократско општество. Сега е време судската власт да ги затвори сите случаи на насилство врз медиумските работници и да ги санкционира сите кои се виновни за нападите врз новинарите.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија