-->
-->
Премиерот Заев во посета на кумановската зона Речица
-->
Премиерот Зоран Заев и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски ќе ја посетат индустриската зона во близина на село Речица за која Владата кон крајот на минатата година одвои 20 милиони денари за инфраструктурно уредување. Заев и Димитриевски ќе извршат увид во градежните активности кои се спроведуваат во зоната, а ќе остварат и средба со дел од бизнис заедницата од Куманово што во изминативе месеци пројави интерес за изградба на капацитети во зоната, лоцирана во близина на автопатот кон Србија.
Во средината на летово, средствата што Владата и ги префрли на општината за инфраструктурно уредување на зоната, Општината Куманово ги искористи за избор на компанија изведувач на градежните активности. На тендерот со проценета вредност од 20 милиони денари се пријавија пет компании, а беше изберена кумановската компанија „Кооп Инжинеринг“ која го доби тендерот за 17,1 милион денари со вклучен ДДВ. Заштедените средства, информираше тогаш, кумановскиот градоначалник, ќе се реинвестираат во изградба на зоната. Во моментов во зоната интензивно се одвиваат градежни активности.
Зоната се наоѓа во близина на автопатот Табановце – Куманово и зафаќа површина од 60-тина хектари. Индустриската зона се наоѓа на атрактивна локација, до автопатот E-75 „Пријателство“, на пет километри до границата со Србија. Зоната има 51 градежна парцела со различна големина, урбанистички е уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит