Премиерот Заев во официјална посета на Србија
Премиерот Зоран Заев вечер во Белград ја почнува првата официјална посета на Република Србија.
Посетата е на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ, која се очекува да приреди свечена вечера за македонската делегација.
Заев, како што соопшти владината прес-служба денеска попладне заминува во официјалната посета во придружба на владина делегација во чиј состав се заменикот претседател на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски.
Работниот дел од посетата почнува утре со тет-а-тет средба со премиерката Ана Брнабиќ.
По средбата со Брнабиќ двете владини делегации, предводени од премиерите потоа ќе одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите. Од српска страна на средбата најавено е учество на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и министерот без ресор задолжен за иновации и технологија Ненад Поповиќ.
По пленарната средба на делегациите на двете влади, предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата премиери.
Владината делегација, предводена од Заев ќе биде примена и од претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Премиерот Заев и владината делегација ќе имаат работни активности во Амабасадата на Република Македонија во Белград.
Посетата на Белград премиерот ја завршува со средба со претставници на македонската заедница во Србија, кога ќе предаде донација на соодветна литература по македонски јазик, лектири и помошни наставни средства со цел на зајакнување на процесот на изучување на предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“.
Како што информираат српските медиуми, Заев ќе се состане и со Драган Шутановац, лидер на опозициската Демократска странка, која е сестринска партија на СДСМ во Европскиот парламент и со која од порано има развиена соработка.
Посетата на премиерот Зоран Заев на Белград доаѓа по турбулентниот период во односите меѓу двете држави, кој започна на почеток од годината со изјавата на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка што ја признала Македонија под уставното име, а не како БЈРМ, поради македонскиот глас за прием на Косово во УНЕСКО.
Ваквата реторика од српската власт продолжи и се засилуваше паралелно со политичките промени на власта во Македонија, пропратени со барањата за реципроцитет во политиката и „лутењето“ на Србија, претседателската кампања на Александар Вучиќ со слоганот „Не сакаме македонско сценарио“....Односите кулиминираа со „аферата со разузнавачот Живаљевиќ“ и повлекувањето на дипломатскиот персонал од српската Амбасада во Скопје.
По телефонскиот разговор меѓу Заев и Вучиќ, нивните средби и со Брнабиќ на меѓународните собири, состанокот меѓу шефовите на дипломатијата Никола Поповски и Ивица Дачиќ во Ниш, односите полека почнаа да се градат во нагорна линија, по што уследи поканата на премиерката Брнабиќ до Заев да го посети Белград, посета од која и Белград и Скопје имаат позитивни очекувања.
Од дипломатски извори дознаваме дека посетата ќе биде во насока на интензивирање и унапредување на билатералните односи меѓу двете држави. Како можни теми се споменуваат темите од областа на безбедоста и мигрантската криза, информатичкото општество, стар тап компаниите и претприемништвото.
Главна тема на разговорите ќе биде договорот и подготовките за одржување на заедничката седница на двете влади, која би требало да се одржи во Белград.
Од посетата на Заев во Белград се очекуваат позитивни пораки за понатомошно развивање на взаемни добри односи и на заедничкиот пат на двете држави за членството во ЕУ.
Ново на Сител
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години