Премиерот Заев следната недела на средби со Јункер, Могерини и Хан
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на 5 и 6 декември ќе биде во дводневна работна посета на Брисел, каде, како што е најавено, ќе се сретне со претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, со Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и за проширување Јоханес Хан.
Средбата со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, е прва со македонски премиер на актуелниот Претседател на ЕК. По средбата предвидени се заеднички изјави на премиерот Заев и Јункер.
Делегацијата во Брисел предводена од премиерот Заев, е во состав Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и Генералниот секретар на Владата на РМ Драги Рашковски, информираат од Владиниот кабинет.
Премиерот на 6 декември ќе се сретне со претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани, веднаш после Молитвениот појадок во Европскиот Парламент, на кој е поканет и премиерот Заев. Попладнето Заев ќе има состанок со Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Заев, како што информираат од неговиот кабинет, ќе има средба и со Комесарот за соседска политика на ЕУ и за преговори за проширување, Јоханес Хан, со што завршува работниот дел од посетата на највисоките институции на ЕУ.
Во рамките на оваа дводневна посетата на Брисел, премиерот Заев ќе учествува на дебатата на тема „Македонија и регионот на Западен Балкан на патот кон членството во Европската Унија“ во организација на Центарот за европски политички студии (ЦЕПС), како и на трибината „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Брисел.
Ново на Сител
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна