Премиерот Заев на средба со раководството на Европската очна болница
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Европската очна болница, предводена од д-р Хамди Атиоглу. На средбата присуствуваше и советникот за здравство на премиерот, д-р Венко Филипче.
Посочувајќи дека начелото на секоја болница треба да е хуманоста, премиерот Заев истакна дека како и политичарите, така и болниците се отворени за да им служат на граѓаните.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, директорот на Европската очна болница, чие седиште е во Истанбул, Турција, потенцира дека пациентите од Македонија со офталмолошки проблеми веќе не одат на лекување во странство. Во болницата во Скопје, како што рече д-р Атиоглу, се изведуваат сите видови интервенции, вклучително и хируршки третман на тумор на окото, како и трансплантација на рожница.
Истакнувајќи дека Владата работи на редуцирање на потребата за лекување во странство, премиерот Заев рече Владата прави напори да ги врати неопходните специјалисти во Македонија. Тие, истакна, би работеле тука постојано или по неколку денови во месецот.
Директорот на Европската очна болница, која во Скопје работи од 2011 година, на премиерот Зоран Заев му ја понуди својата помош при координација со болниците од регионот, но и од Европа, за пациентите во Македонија навреме да добиваат врвни здравствени услуги.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса