Премиерот Заев ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Делегацијата предводена од премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествува на 72. Генерално собрание на ОН, кое неделава се одржува во Њујорк.
Првата дебата на Генералното собрание се отвори во вторникот, кога свое премиерно обраќање во ОН имаше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Во своето обраќање Трамп меѓудругото порача да се направат структурни реформи во ОН со намалување на бирократијата и вработениот кадар.
Во текот на изминатите неколку денови Заев учествуваше на повеќе настани и имаше низа значајни средби со лидери од Европската Унија, но и со лидери на други земји, а во понеделникот тој оствари кратка средба и со Трамп.
Меѓу останатите настани, Заев денеска ќе се сретне и со Гутереш, а завчера имаше работни средби со еврокомесарот Јоханес Хан и со Федерика Могерини, високата претставничка за надорешна политика на ЕУ. Тие потоа имаа заедничка вечера со лидерите од земјите на Западен Балкан.
Заев вчера се сретна и со белгискиот премиер Чарлс Мишел, а денеска исто така ќе се обрати на Универзитетот Колумбија во Њујорк во рамки на панел дискусијата „Нов почеток на Балканот: Враќање на демократијата и обнова на животната средина во склад со Целите за одржлив развој.“ Настанот е организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Швајцарската агенција за развој и соработка и Универзитетот Колумбија.
Во рамките на ГС на ОН имаше низа значајни средби на високи официјални лица. Се одржа и ненајавена средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
На оваа средба било дискутирано за регулирање на вооружениот конфликт во Сирија и почитување на минскиот договор за прекин на огнот во источна Украина.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!