Премиерот Ковачевски ќе учествува на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски придружуван од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, утре ќе учествува на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија.
На самитот на Европската политичка заедница ќе учествуваат 47 лидери, меѓу кои лидерите на 27 земји членки на ЕУ, како и земјите од Западен Балкан, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Норвешка, Швајцарија, Турција, Украина, Велика Британија, Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и други.
Ккао што соопштија од владината прес-служба, Ковачевски покрај своето учество на тркалезната маса на тема енергетика и поврзаност, ќе оствари и неколку билатерални средби меѓу кои со претседателката на европскиот парламент Роберта Мецола, премиерката на Данска Мете Федериксен, домаќинот премиерот на Молдавија Дорин Речан.
- Програмата содржи паралелни тркалезни маси на кои ќе се одвиваат дискусии поврзани со актуелните прашања поврзани со обезбедувањето на клучната инфраструктура; засилување на борбата против сајбер нападите, изработка на заедничка, паневропска енергетска политика и разгледување на можноста за повеќе универзитетски и студентски размени. Главниот фокус на разговорите ќе биде на следните три теми: заеднички напори за мир и безбедност; енергетска отпорност и климатска акција; и меѓусебните врски во Европа за подобро поврзан и постабилен континент, соопштија од прес-службата на Владата.
Ново на Сител
-
Огромна експлозија во близина на Керчански мост
-
Дрес на Вилт Чембрлен продаден за 4.9 милиони долари
-
Во Англија се повеќе апсења поврзани со фудбалот
-
Петровска: Партнерството со Националната гарда на Вермонт не е само пишан документ, туку подадена рака и поддршка
-
„Република Нагорно-Карабах“ нема да постои од почетокот на 2024 година
-
Ковачевски: Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман доколку постои можност да бидат амнестирани осудени лица од „Монструм“
-
Германија купува американско-израелски одбранбен систем
-
Киев: Руските сили со гранати оштетија термоелектрана на југот на Украина