Премиерот Груевски во посета на струмичкиот регион
Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на струмичкиот регион каде ќе оствари средби со граѓани од повеќе населени места, а ќе ја посети и индустриската зона во Василево и ќе пушти во употреба детска градинка и тениски терени.
На средбите во селата Куклиш, Василево, Ангелци, Босилово, Моноспитово, Турново, Ново село и Мокрино, премиерот Груевски ќе разговара за проблемите со кои се соочуваат жителите од овие населени места.
Покрај ова, во близина на селото Куклиш ќе присуствува на пуштање во употреба на системот за наводнување „Маркова Река“, ќе изврши увид во реконструкцијата на големата сала во Домот на културата во Босилово, ќе отвори детска градинка во селото Моноспитово и ќе пушти тениски терени во селата Ангелци и Ново село.
Премиерот Груевски ќе ја посети и индустриската зона Василево, откупно-дистрибутивниот центар „Евромак“, како и фирмата „Јасен мебел“ во селото Турново, а ќе присуствува и на отпочнувањето на градежните активности за реконструкција на регионалниот пат Мокрино – Смолари.
Ново на Сител
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот