Македонија
9. January 2016 - 11:57

Премиерот Груевски во посета на Битола и Охрид

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Битола и Охрид. 

Во Битола ќе присуствува на свеченото отворање на фабриката за производство на компиров чипс во селото Кравари.

Во Охрид ќе ги посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде ќе изврши увид на градежните активности за реконструкција, и црквата „Света Богородица Перивлепта“, а ќе присуствува и на промоцијата на нов апарат за мамографија во Општата болница Охрид.