Премиерлигашите сакаат Манчестер сити да биде исфрлен од лигата доколку се докажат финансиски неправилности
Најголемиот број клубови од Премиер лигата сакаат Манчестер сити да биде исфрлен од лигата доколку бидат прогласени за виновни за кршење на финансиските правила во текот на девет сезони, објави „Скај спортс“.
Во случај Манчестер сити да се докаже дека е виновен, нема да има многу симпатии кон нив. На санкции во односот на „Граѓаните“ најмногу инсистираат клубовите од таканаречената „голема шесторка“. Покрај Манчестер сити, во неа се Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челзи и Тотенхем.
Забележано е дека одземањето трофеи како казна за Манчестер сити се смета за бесмислено. Премиерлигата смета дека тоа само ќе создаде непотребна забуна. Паричната казна се смета за најмалку ефективна од сите можни методи на казнување.
Манчестер сити во последните 11 години освои шест титули во Премиер лигата.
Ново на Сител
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра