-->
-->
Премиер лига:Њукасл повторно испадна
-->
Фудбалерите на Сандерленд изборија опстанок во Премиерлигата, додека наредната сезона, покрај Астон Вил во Чемпионшип дивизијата ќе играат Њукасл и Норич.
Сандерленд, во одложениот натпревар од 30.коло, лесно го совлада Евертон со 3:0 и во пресрет на последното коло стекна недостижна предност од четири бода над конкурентите во борбата за опстанок Њукасл и Норич.
Сандерленд по одиграни 37 натпревари се наоѓа на 17-то место на табелата со 38 бодови, а Њукасл и Норич имаат по 34.
Во средата, Норич залудно славеше над Вотфорд со 4:2.
Ливерпул го пречека Челзи, мечот заврши 1:1, а го обележа извонредниот гол на Еден Азар за водство на Челзи во 32.минута и грешката на голманот на „сините“, Асмир Беговиќ, кој во 92.минута му овозможи на Кристијан Бентеке да го постави конечниот резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани