Фудбал
20. October 2015 - 8:20

Премиер лига: Трета победа во серија за Стоук

Екипата на Стоук ја постигна третата победа во серија во Премиер лигата откако синоќа славеше на гостувањето кај Свонси со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Бојан Кркиќ во 4.минута од пенал.
 
За разлика од нив Свонси е без победа на пет натпревари, од триумфот над Манчестер Јунајтед во август месец.
Со победата Стоук се искачи на 11.место со 12 бода, додека Свонси падна на 14.место и остана на 10 бодови.
 
Резултати на другите дуели од 9.коло:
Њукасл – Норвич 6:2, 
Вотфорд – Арсенал 0:3, 
Челзи – Астон Вила 2:0, 
Кристал Палас – Вест Хем 1:3, 
Евертон – Манчестер Јунајтед 0:3, 
Манчестер Сити – Бурнемут 5:1, 
Саутемптон – Лестер 2:2, 
ВБА – Сандерленд 2:0 и 
Тотенхем – Ливерпул 0:0.
 
Табела: Манчестер Сити 21 бод, Арсенал 19, Манчестер Јунајтед 19, Вест Хем 17, Лестер 16, Кристал Палас 15, Тотенхем 14,...