Ракомет
7. May 2016 - 18:27

Премиер лига: Спасоносни бодови за Сандерленд?!

 
Екипата на Сандерленд ги зголеми шансите за опстанок во Премиер лигата откако на свој терен по голема борба го совлада тимот на Челзи со 3-2. Гостите поведоа со 2-1 со головите на Коста и Матиќ на крајот од првиот дел но во второто полувреме работите дојдоа на своето место откако  Борини и Дефо  постигнаа по еден гол.  Њукасл не успеа да слави во Бирмингем кај Астон Вила па опстанокот ќе се решава во последното коло во кое Сандерленд влегува со бод повеќе.