-->
-->
Премиер лига: Сандерленд остана непоразен на Енфилд
-->
Фудбалерите на Сандерленд освоија бод на гостувањето на „Енфилд“ кај Ливерпул откако по водството на домаќинот од 2:0 стигнаа до изедначивање од 2:2 за само шест минути. Сите четири голови беа постигнати во вториот дел. Најпрвин Роберти Фиримино донесе водство на Ливерпул во 59.минута. На 2:0 зголеми Адам Лалана во 70.минута. Првиот гол за гостите од слободен удар го постигна Адам Џонсон во 82.минута, а на 2:2 изедначи Џермејн Дефо во 88.минута.
Како и што најавија дел од навивачите на Ливерпул незадоволни од цената на влезниците за следната сезсона во 77.минута ги напуштија трибините.
Резултати 25.коло: Манчестер Сити – Лестер 1:3, Астон Вила – Норвич 2:0, Ливерпул – Сандерленд 2:2, Њукасл – ВБА 1:0, Стоук – Евертон 0:3, Свонси – Кристал Палас 1:1, Тотенхем – Вотфорд 1:0.
Од 18:30 часот играат Саутемптон – Вест Хем.
Утре на програмата се дуелите: Бурнемут – Арсенал и Челзи – Манчестер Јунајтед.
Табела: Лестер 53 бодови, Тотенхем 48, Манчестер Сити 47, Арсенал 45, Манчестер Јунајтед 40, Вест Хем 39, Евертон 35, Ливерпул 35,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит