-->
-->
Премиер лига: Мињоле ја „одбрани“ победата на Ливерпул
-->
По одбранетиот пенал во 73.минута при резултат 3:2 за Ливерпул голманот на „црвените“ ја одбрани победата на својата екипа. Тој го одбрани ударот на Варди откако претходно направи фаул над истиот играч. Со овој триумф Ливерпул ја прекина серијата од четири натпревари без победа во сите натпреварувања.
Ливерпул поведе во 15 минута преку Салах, а од слободен удар Кутињо зголеми на 2:0 во 23.минута. Во 45+2 минута Лестер намали со голот на Оказаки, а Хендерсон погоди за водство на Ливерпул од 3:1. Веќе во следната минута Варди беше стрелец за 2:3 што се покажа и конечен резултат.
На другите дуели од 6.коло: Саутемптон - Манчестер Ј. 0:1, Манчестер Сити - Кристал Палас 5:0, Евертон - Бурнемут 2:1, Барнли - Хадерсфилд 0:0, Вест Хем - Тотенхем 2:3, Стоук - Челзи 0:4 и Свонси - Вотфорд 1:2.
Утре играат: Брајтон - Њукасл, а во понеделник Арсенал - ВБА.
Табела:Манчестер Сити 16 бодови, Манчестер Јунајтед 16, Челзи 13, Тотенхем 11, Ливерпул 11, Вотфорд 11,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени