Преку проект на уСАИД вработени 115 лица со попреченост
Во рамките на Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување лица со попреченост кој функционира од август 2012 година досега се вработени 115 лица, а 12 отвориле сопствен бизнис. Исто така, 73 лица имаат реализирано практикантски ангажман во различни приватни компании, јавни институции и невладини организации, соопштија денеска од УСАИД.
Овој проект работи на градење на капацитетите на лицата со попреченост за полесно да настапат на пазарот на труд, но и со компаниите и јавните институции за полесно прифаќање и адаптирање на овие лица на работното место.
- Досега преку проектот се обучени 417 лица на тема Стратегии за барање на работа на лица со попреченост, 49 лица со попреченост успешно ја завршија Обуката за претприемништво и 37 лица ја посетија Обуката за развивање креативни вештини на лица со попреченост. Од друга страна пак, 259 претставници ги посетија Обуките за менторско водење на лица со попреченост, се вели во соопштението од УСАИД.
За лицата со оштетен вид минатата година е издаден и Прирачникот за стратегии за барање работа на брајово писмо.
Во декември минатата година УСАИД го организираше првиот саем за вработување во Куманово специјално наменет за лицата со попреченост,а како што соопштуваат од УСАИД се планира да се организира уште еден до завршувањето на проектот во август 2016 година.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, изгаснати 12, еден под контрола
-
Турција ги затвори пристаништата за израелските бродови
-
Кривична против двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата
-
Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, приведени две лица
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во Драчево со капацитет за 75 деца
-
Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени
-
Гори поранешен објект на Макотекст фирмата | ВИДЕО