Преку прифатниот центар Гевгелија транзитирале нови 405 мигранти
Бројот на мигранти кои од граничниот камен 59 се пропуштаат од грчка територија да влезат во прифатно транзитниот центар Гевгелија постојано по малку се зголемува, соопштуваат од регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Гевгелија.
Според евиденцијата на регионалниот ЦУК, во изминатите 24 часа во гевгелискиот центар пристигнале 405 мигранти од кои 331 од Сирија и 74 од Ирак. Нивниот транспорт до Табановце е извршен рано утрово со воз.
Моментно во кампот има околу 150 мигранти кои ќе чекаат да се собере поголема група во текот на денот па и за нив да се организира транспорт до Табановце.
Епидемиолошка служба од Центарот за јавно здравје вчера изврши увид на состојбата во ПТЦ Гевгелија при што беше констатирано дека хигиената е на задоволително ниво, оти дезинфекција на објектите се врши веднаш по нивното празнење и дека медицинска помош од страна на дежурните тимови редовно се укажува на секого на кого му е потребна.
Сотојбата во ПТЦ Гевгелија е мирна и стабилна, а од другата страна на граничната ограда, во камповите во Идомени и Поликастро чекаат десетина илјади мигранти кај кои се поголема е неизвеноста дали и воопшто кога ќе ја минат границата според сегашново темпо на проток.
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката