Македонија
22. јуни 2022 - 19:53

Преку нова агенција за безбедност во сообраќајот ќе се подобрува безбедноста на патиштата

Двјаца директори, петчлен управен одбор и неутврден број вработени ќе ја сочинуваат новата Агенција за безбедност во сообраќајот. Телото финансирано од државата, ќе прави анализи за намалување на бројот на несреќи, но и обуки за возачите кои повеќепати биле казнувани.

„Ќе се надгради силата на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот кој има советодавна улога, а ова тело, Агенцијата, ќе има извршна улога и дел од ингеренциите кои ги имаат Транспорт и врски, МВР, Економија и здравство, ќе се прелеат во ова ново извршно тело, со што во делот на безбеднотта во сообраќајот ќе имаме една институција“, изјави Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски.

Граѓанските здруженија сметаат дека во зависност од вработениот кадар ќе зависи дали Агенцијата ќе ја оствари поставената цел за намалување на бројот на несреќи. Очекуваат и земјава да се доближи до планот на ЕУ да нема повеќе жртви во сообраќајки.

„За и Република Македонија да се вклучи во тој поглед, сметаме дека оваа Агенција треба да биде исклучиво формирана од профеционалци кои си ја знаат работата и ќе работата на таа проблематика“, изјави Игор Митревски, Здружение „Медиум“ за намалување на бројот на жртви во сообраќајот.

Годишно во светот се бележат по над 1 милион загинати во сообраќајки. Лани, земјава пријавила 116 жртви..