Преку лажен Твитер профил објавена лажна вест дека починал поранешниот грчки претедател Папуљас
Италијанскиот новинар Томазо Дебенедети познат по лажните профили на Твитер и лажните вести, одново ја дезинформираше грчката јавност со информација дека починал поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, вест објавена преку профил на кој стои името на вицепремиерот на грчката влада Пикраменос.
-Каролос Папуљас, поранешниот претседател на Грција пред неколку минути почина на 90 годишна возраст, пишува во твитот наводно објавен од вицепремиерот Панајотис Пикраменос, а 26 минути подоцна објави и нов твит во кој вели дека профилот е лажен и креиран од италијанскиот новинар Томазо Дебенедети.
Според информациите на дописничката на МИА од Атина, навистина станува збор за лажен профил и мерки веќе презема секторот за борба со електронски криминал на грчката полиција.
Ова е втор пат Италијанецот Дебенедети да објави слична вест преку Твитер. Во август минатата година преку лажен Твитер профил на кој стоеше името на тогашната министерка за култура Мирсина Зорба објави дека починал познатиот грчки режисер Костас Гаврас.
Ново на Сител
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад