Преку ден позната атлетичарка, преку ноќ елитна проститутка
Сузи Фејвор Хамилтон речиси целиот свој живот го помина во трчање, не само како поранешна олимписка натпреварувачка, туку бегајќи од својата ментална болест.
За прв пат оваа трикратна олимпијка во својата книга „Брза девојка-Живот во бегство од болеста“, која ќе почне да се продава од 15-ти септември, открива детали од својот двоен живот во кој преку ден е славна спортистка, а преку ноќ елитна проститутка во Лас Вегас.
-Тоа не беше Сузи. Секогаш настојувам да нагласам дека тоа не бев јас. Тоа беше мојата болест, изјави Сузи Фејвор Хамилтон за „ABC News“.
Хамилтон се најде во центарот на голем скандал во 2012-та година кога беше откриен нејзиниот втор живот. Таа во Лас Вегас под името Кели работела како ескорт дама, односно елитна проститутка.
Во своите мемоари „Брза девојка: Живот во бегство од болеста“ таа открива дека пати од биполарно пореметување, додавајќи дека имала погрешна дијагноза и и биле дадени погрешни лекарства што само ги влошило симптомите.
Таа во Лас Вегас работела под името „Кели“ и наплатувала по 600 долари на час, а како што вели имала голем број на клиенти. Во еден момент уживала во животот како Кели, а во јавноста се појавувала и како Сузан Фејвор Хамилтон, успешно криејќи ја втората личност.
За ова знаел и нејзиниот сопруг Марк кој ја чувал нивната ќерка и се обидувал да ја израсне како самохран родител и да ја заштити од нејзината мајка која имала ментална болест.
Нејзиниот таен идентитет бил откриен во 2012-та година од еден новинар и тоа во Лас Вегас кога таа одела на договорена средба со нејзин клиент.
Кога приказната била објавена и скандалот откриен, нејзиниот маж и предложил да заминат на планина и да се сокријат од љубопитните новинари. На пат кон планинската куќа Сузан се обидела да се фрли од автомобилот, но нејзиниот маж на време го сопрел возилото.
Потоа повикал лекари кои откриле дека навистина се работи за биполарна болест, од која нејзиниот брат се самоубил во 1999-та година. Тогаш ги добила вистинските лекарства, па тајниот живот како Кели завршил.
Биле потребни години и години за терапија и лекови, па конечно Сузан да се врати во реалноста. Таа сега живее како Сузан Фејвор Хамилтон, но се уште ги чува скапите подароци кои ги добивала како ескорт дама „Кели Ланди“.
Таа низ солзи вели дека тоа постојано ја потсетува на Кели, која нема да се покае за сето она што го сторила, бидејќи токму поради болеста не чуствува срам.
Хамилтон учествувала на Олимписките игри во Барселона (1992), во Атланта (1996) и Сиднеј (2000). Нема освоено медал, но била најнаградувана спортистка на Универзитетот во Висконсин. Има сребрен медал од Универзитетските игри одржани во Дуизбург 1989-та година на трката на 1500 метри.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп