Македонија
30. January 2019 - 17:16

Прекинат сообраќајот на патот Валандово – Удово

На патниот правец Валандово – Удово, пред клучката кај Калковска Река, денеска од 16.30 часот сообраќајот е во целосен прекин поради расчистување на водата и наносите од земја на коловозот од страна на екипите на Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Сообраќајот се пренасочува преку Валандово – Брајковци – Балинци – Марвинци и обратно.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека нивните екипи работат на расчистување на наносите на коловозот и се очекува нормализирање на сообраќајот во најкраток можен рок.