-->
-->
Прекинат мечот на Ѓорческа на фјучрсот во Софија
-->
По настапот во квалификациите на УС Опен најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се врати на настапите на фјучрс турнирите. Таа денеска го почна мечот од 1.коло на фјучрсот во Софија (награден фонд 25.000 долари), но поради дожд дуелот е во прекин.
Нејзина противничка е Кимберли Цимерман од Белгија, која го доби првиот сет со 7:6 (8:6 на поени) во тај брекот. Ѓорческа беше подобра во вториот и изедначи откако го доби со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет резултатот е 1:1. Ако победи нашата тенисерка ќе игра и меч од 2.коло против Катинка Вон Дихман од Лихтенштајн, секако и меч во игра на двојки.
Продолжението од мечот е во 9.30 часот по локално време.
На турнирот настапи и уште една наша тенисерка Магдалена Стоилковска но елиминирана е по поразот од Мелани Стоке од Норвешка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани