Македонија
1. March 2018 - 10:31

Прекин на железничкиот сообраќај Велес - Скопје поради кражба

Железничкиот сообраќај од Велес до Скопје синоќа бил во прекин поради обид за кражба на тегови од контактната мрежа на делот од пругата меѓу стојалиштето Драчево и стојалиштето Јане Сандански.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека прекинот бил од 21:56 до 23:50 часот.