Македонија
3. January 2020 - 14:50

Прекин на водоснабдување во делови од општина Сарај

Водоснабдувањето во делови од општина Сарај денеска е во прекин од 13:30, па до завршување на поправката на дефектот на ф-250мм на ул. 20 бб Сарај, информираат од ЈП Водовод и канализација –  Скопје.

Прекинато водоснабдување имаат корисниците од ул. 20 бб во Сарај, како и селата Глумово, Шишево и Матка, соопшти јавното претпријатие.