Прекин на сообраќајот на улицата „Скопска“ во Кичево
Улицата „Скопска“ во Кичево денеска од 8 до 14:30 часот ќе биде целосно затворена за сообраќај поради градежни активности.
Според директорот на јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Зенел Јонузи, прекинот е поради теренски активности на улицата со кои ќе се изврши целосна промена на водоводната мрежа и на фекалната и атмосферската канализација.
– Последните неколку години, комуналното претпријатие е целосно фокусирано на промена на градската водоводна мрежа, фекалната и атмосферската канализација, како и на подобрување на квалитетот на водоснабдувањето на селата во општината. Пред неполн месец во селото Колибари е обезбедено квалитетно водоснабдување по период од 35 години, а летово ќе се работи и на поквалитетно водоснабдување во селото Тајмиште, изјави Јонузи.
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!