Преговорите со Русија мора да го гарантираат украинскиот суверенитет, бара Зеленски
Во најновото видео обраќање до нацијата украинскиот претседател Володомри Зеленски кажа дека преговорите со Русија мора да бидат разумни, а украинскиот суверенитет мора да биде загарантиран додека се обезбедува територијален интегритет, пренесе Укринформ.
- Со задржувањето на руските акции, нашите бранители го водат руското раководство до едноставна и логична идеја: неопходен е разговор. Смислен. Итен. Чесен. Поради резултатите, не поради доцнењето, рече Зеленски.
Тој нагласи дека „разговорот мора да биде осмислен, а украинскиот суверенитет мора да биде загарантиран, со обезбедување на територијалниот интегритет на Украина“.
- Односно, условите мора да бидат правични, а украинскиот народ нема да прифати никакви други, рече Зеленски.
Украинскиот претседател во своето видео обраќање повтори дека во овој конфликт веќе загинале 16 000 руски војници и запраша кое е оправдувањето за толку многу жртви.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари