Македонија
29. January 2023 - 16:38

Преговорите со Алијанса за албанците за влез во Владата се при крај - Останува само што ќе одлучи Алтернатива

Преговорите меѓу Таравари и Ковачевски за влез на Алијанса во Владата влегуваат во завршна фаза, откриваат високи извори од Владата, но и од партијата на Таравари. Веќе утре, а најдоцна за три дена ќе биде закажана и јавна финална средба Таравари  - Ковачевски за склучување на коалицискиот договор, велат изворите. 

Остануваат истите комбинаторики за ресорите што би ги добила Алијанса на Албанците за сметка на 8те пратеници што ќе го стабилизираат сегашното кревко владејачко мнозинство. Се чека конечна одлука и од Алтернатива на Гаши за тоа дали останува да биде владин партнер по влезот на Алијанса, коментираат инволвирани во процесот.

Првичните ресори – правда кој сега е во рацете на СДСМ и здравство, со кој раководи Алтернатива речиси се загарантирани за Алијанса. Ако Алтернатива излезе тогаш нејзините ресори во целост ги презема Алијанса, потврдуваат и двете страни. Во комбинација се и ресори што сега ги држи ДУИ. Ако СДСМ го отстапи министерството за правда, тогаш би го презела образование или екологија од интегративците, велат извори од преговарачкиот процес.

Официјално од СДСМ не поткриваат ништо за преговорите и стојат на ставот само дека се мнозинството се шири во име на евроинтеграциите.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, и понатаму смета дека Таравари влегува во Владата поради тесно партиски интереси.

И покрај тоа што по влезот на Алијанса мнозинството би се стабилизирало, со што распуштање на Собранието речиси е невозможна, Николовски тврди дека опцијата за предвремени избори се уште е можна.