Прегледани над 40 камери и сослушани над 15 лица во врска со убиството на докторот
Над 40 камери се прегледани, вклучувајќи ги и камерите од „Безбеден град“ и извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица во врска со случајот со лекарот кој во четвртокот вечерта беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот кај поликлиниката Железара.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се врши и дополнителна криминалистичко-техничка обработка на возилото, се обезбедуваат листинзи од телефонските броеви и се врши нивна анализа.
- Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот, велат од МВР.
Шесесет и седумгодишниот лекар кој работел како матичен лекар беше пронајден минатата недела во неговото возило со убодни рани по телото. Според пријавата во полиција, телото го пронашле неговите синови откако тој не се вратил од работа.
Матичните лекари денеска од 12 до 16 часот во знак на револт денеска прекинаа со работа барајќи построги казни за напад врз здравствените работници, а Лекарската комора во петокот побара итна разрешница на случајот. Денеска, и министерот за здравство Илир Демири изрази жалење и побара од истражните органи да ја спроведа истрагата.
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата