Loading Video...
Свет
26. December 2023 - 12:35

Преглед на вестите од светот

Повеќе од 30 лица сакаат да му бидат противкандидати на Путин за прв човек на Русија. Претседателката на Руската Централна изборна комисија Ела Памфилова, за руската агенција ТАСС изјави дека изборната кампања секако биде конкурентна, бидејќи над 30 лица поднеле апликација за претседателска кандидатура во оваа земја. 

Независните кандидати мора да достават документација и да обезбедат поддршка од група граѓани, потег кој што веќе го направи актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин.

Следна обврска е да се соберат 300.000 потписи за поддршка на кандидатурата и да се достават до Централната изборна комисија до 31 јануари следната година.

На кандидатите предложени од политичка партија им требаат 100.000 потписи. Претседателските избори во Русија ќе се одржат од 15 до 17 март идната година.

Хамас мора да биде уништен, Газа мора да се демилитаризира и палестинското општество мора да се дерадикализира. Ова се трите улови кои ги постави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за воспоставување мир со Палестинците во Појасот Газа.

Нетанјаху посочи дека САД, Велика Британија, Франција, Германија и многу други земји ја поддржуваат намерата на Израел да ја уништи терористичката група. Според него, за да се постигне таа цел, нејзините воени капацитети мора да се уништат и да се стави крај на нејзината политичка моќ над Газа.

Ова е втор предлог за прекин на огнот во Газа во изминативе неколку дена, откако Египет предложи план за прекин на воените дејствија кој предвидува ослободување на зложници во замена за траен мир, но Хамас експресно го одби. 

Во меѓувреме продолжуваат борбите, а израелската армија информираше дека погодила повеќе од 100 цели во Газа. Досега, бројот на загинати лица на двете страни надмина 20.000 лица.  

Главниот град на Кина, Пекинг, го собори својот рекорд во часови во кои температурите се под нулата во декември. Причина за тоа е студениот бран кој зафати делови од земјата и донесе снежни бури кои ги намалија температурите кои не се регистрирани од 1951 година.

Северните и северо источните делови на земјата доживеаја рекордно студенило од минатата недела, при што некои области на североисток достигнаа температура од минус 40 Целзиусови.

Од неделата, метеоролошката опсерваторија во Пекинг забележала повеќе од 300 часа температури под нулата од 11 декември, што е најмногу досега според државниот медиум Пекинг дејли. Главниот град, исто така, издржа девет последователни денови на температури под минус 10 степени Целзиусови во овој период, информираа кинеските медиуми.