Loading Video...
Свет
8. December 2023 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Петмина Палестинци загинаа во судири со израелските сили на северот на Западниот Брег, соопштија палестинските власти. Новинската агенција Вафа информираше дека сите жртви се резултат на рацијата на израелците во бегалскиот камп Ел Фара, по што започнала престрелка меѓу двете страни.

Истовремено, израелската морнарица изведе напади во Газа користејќи наведувана муниција и гранати врз повеќе од 450 цели на Хамас.

Меѓу погодените локации се воени бази, набљудувачки пунктови и магацини за оружје.

Со помош на неколку беспилотни летала на израелските воздухопловни сили беа извршени напади врз оперативците на Хамас во областа Кан Јунис.

Тамошните жители реагираат дека во таа област е веќе невозможно да се живее.

Досега во воените дејствија меѓу двете страни се убиени над 17.500 лица.

 

Министерството за правда на САД поднесе нова кривична пријава против синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, обвинувајќи го дека не платил даноци од 1,4 милиони долари, додека потрошил милиони долари на раскошен начин на живот.

53 годишниот Хантер Бајден е обвинет за  три кривични дела и шест даночни прекршоци, покажува обвинението поднесено во Окружниот суд на САД. Во обвинението се вели дека  тој потрошил огромни суми на пари на дрога, придружба и девојки, луксузни хотели и имоти за изнајмување, егзотични автомобили, облека и други предмети од лична природа, вклучително и над 70.000 долари за рехабилитација од дрога.

Прикривањето на данокот го вршел во период од 3 години.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 17 години. Министерството за правда соопшти дека истрагата против Бајден е во тек. Засега, ниту неговиот адвокат, ниту пак од Белата Куќа излегоа со коментар за обвинението.

 

Италијанскиот град Губио синоќа ја осветли најголемата новогодишна елка во светот. Елката ќе свети од 7ми декември 2023 до 7 јануари 2024.

Ова дрво влезе во Гинисовата книга на рекорди уште во 1991 година. Распространето е на основа од 450 метри и висина од 750 метри. На врвот на ридот има ѕвезда од комета со површина од 1.000 квадратни метри.