Loading Video...
Свет
29. November 2023 - 19:50

Преглед на вестите од светот

Хамас е подготвен за продолжување на примирјето за уште четири дена во кое израелските заложници се разменуваат за палестински затвреници. Ова го изјавил извор близок со палестинската милитантан група за Агенцијата Франс Прес. Според изворот,  Хамас ги информирал посредниците и дека  ќе можат  да ослободат Израелци кои се заложници на други групи  на отпорот во појасот Газа  во рамки на постоечкиот  договор  за прекин на огнот. Според условите на договорот, за секој ослободен израелски граѓанин, се ослободуваат тројца палестински затвореници кои се наоѓаат во израелските затвори. Денеска е последен ден од сегашното  прирмирје  а  размената  на заложнци и затвореници ќе се случи  подоцна во текот на денот.  САД, Катар и Египет со обидуваат да го продолжат примирјето и по четврток. Во мегувреме палестинското   министерство за здравство извести   дека  утрово  две деца се убиени од како што вели истрели од израелската армија во градот Џенин на Западниот брег.

 

Словенија нема да толерира ниту промил алкохол во крвата кај возачите. Парламентот едногласно ја ја усвои Резолуцијата за национална програма за безбедност на патиштата ЗА  периодот од 2023 до 2030 година која покрај нулта толеренција  за алкохол, предвиува и повеќе зони со ограничување на брзината од 30 километри на час и повисоки казни за предизвикувачите на тешки сообраќајни несреќи.  Словенечките власти соопштија дека мерките треба да обезбедат до 2030 година да не загинат повеке од 50 луѓе на патиштата и да не нема повеќе од 400 повредени во несреќи.

 

Авион на армијата на САД, во кој се наоѓале шест лица , падна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража. Еден член на екипажот загинал, а петмина се водат за исчезнати. Очевидци велат дека забележале оган во левиот мотор , пред леталото    да падне во океанот. Портпаролот на американските сили во регионот рече дека е во тек собирање на информации за инцидентот.