Loading Video...
Свет
30. March 2024 - 16:43

Преглед на вестите од светот

Петти ден ниту трага од исчезнатото двегодишно девојќе во Србија. Во потрагата на двегодишната данка илиќ денеска е вклучена и хелихоптерската единица на полицијата, а според најавите постои можност да се пребарува и најблиското езеро.. Мештаните не веруваат дека девојчето е киднапирано.. Живееле во мирна област без опасност по безбедноста на луѓето  и децата.

Полицијата направи и реконструкција на настаните од денот кога исчезна малата Данка, а се разговарало и со родителите на девојчето. Во претходните денови детално се пребаруваше теренот, се користеше и градежна механизација за непристапниот терен.

Заложничка драма во Холандија..Вооружен маж држеше тројца вработени во кафуле заканувајќи се со активирање бомба. Местото го безбедуваа специјални полициски едници, а заради заканите, властите евакуираа 150 домови во околината на кафулето. По неколку часа, беа ослободени тројцата заложници, а подоцна се предаде и вооружениот маж. Маскиран и со рацете во воздух го напушти угостителскиот објект. Додека траеше заложничката криза, полициските власти информираа дека немало индиции дека мотивот на киднаперот е од терористичка природа.

Белгија се приклучува на земјите членки на ЕУ во кој минималната плата изнесува над 2 илајди евра.. Од утре, загарантираната минимална плата за полно работно време се зголемува на 2029 што е за близу 40 повисока од претгхдно. Со растот, земјата влегува во групата држави во кои се Германија, Холандија, Ирска, Луксеммбург.. Золемувањето на минималецот е дел од владиниот план за раст на платите, а ветувањата на тамошните лвасти се дека во следните години таа треба да достигне 2.800 евра.