Loading Video...
Свет
28. March 2024 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Нуркачите извлекоа тела на двајца од шесте исчезнати работници кои загинаа по уривањето на мостот во Балтимор во средата, објави Reuters. Телата беа извлечени од реката Патапско еден ден откако контејнерски брод ги загуби погонот и способноста за маневрирање пред да удри во столб на мостот „Френсис Скот Ки, целосно уривајќи го. Претставник на полицијата во државата Мериленд изјави дека натамошните напори за извлекување на посмртните останки на другите работници биле прекинати поради сè поопасните услови. Уривањето на мостот, ја прекина главната сообраќајница и го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време, едно од најпрометните на источниот брег на САД. Експертите проценуваат дека затворањето на пристаништето би можело да чини и до 15 милиони долари дневно.

 

Истрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт  во периодот кога девојчето исчезнало. Продолжувањето на потрагата ќе се врши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето. Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,

 

Израелското обезбедување денеска постави контролен пункт во близина на местото каде што вооружен маж отвори оган врз возила на окупираниот Западен Брег, ранувајќи најмалку три лица,од кои и 13-годишно момче, соопштија службите за итни случаи.  Момче кое било во училишен автобус било повредено од шрапнели, а ранети уште двајца мажи во одвоени автомобили. Израелската војска соопшти дека војниците ги блокирале патиштата го гонат напаѓачот.

 

Напад со руско беспилотно летало рано во четвртокот оштети куќи и предизвика пожар во станбена областа Запорожје, според локален претставник. При нападот две лица се ранети. Украинските сили собориле 26 од 28-те нападни беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта. Русија започна редовни воздушни напади врз населени центри далеку зад линиите на нејзината двегодишна целосна инвазија на Украина.

 

Четири лица се убиени на возраст од 15 до 63 години, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илинои. 22-годишен маж е уапсен и осомничен за убиствата. Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени со нож, но во нападот не било употребено огнено оружје, пренесуваaт локалните медиуми. Шефицата на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека има и еден тешко повреден, а четири други лица се префрлени во болница. Причината за нападот не е позната.