Loading Video...
Свет
25. March 2024 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Пред Окружниот суд Басмани во Москва се појавија сите четворица осомничени за нападот во концертната сала во предградието на Москва, во кој загинаа 137 лица, а 154 се повредени. Двајца од нив, наведува Скај Њуз, ја признале својата вина за нападот, но сите ќе останат во притвор најмалку до 22 мај, пред да им се суди.

Како што пренесуваат руските медиуми, осомничените се обвинети за „тероризам“ и им се заканува доживотен затвор. Пред судот вчера се појавија извршителите на ужасниот чин што го шокираше светот. Сите се државјани на Таџикистан и се на возраст од 32 до 19 години.

Руските власти претходно објавија дека се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица напаѓачи. Меѓу убиените во терористичкиот напад има и три деца, соопштија вчера руските истражители, додавајќи дека на местото на настанот е пронајдено оружје и муниција. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава.

Илјадници луѓе и натаму доаѓаат на местото на злосторот и оставаат цвеќе и играчки.

Израел повтори дека милитантите на Хамас ги користат како бази болниците во Газа, каде што се води војна повеќе од пет месеци, додека Хамас и медицинскиот персонал ги негираат наводите.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека еден од членовите на нејзиниот персонал е убиен кога израелски тенкови ненадејно упаднале во областите околу болниците Ал-Амал и Насер во јужниот град Кан Јунис, за време на силно гранатирање и бомбардирање. Израелските вооружени сили ја блокираа болницата Ал Амал и почнаа со операции во нејзина близина, соопшти Црвената полумесечина.

Израелската војска не одговорила, но претходно соопшти дека убила 170 вооружени мажи во рацијата, а според палестинското Министерство за здравство има загинати и пет пациенти,

Ал Шифа е една од само неколкуте делумно функционални болници во Газа и, како и другите, обезбедува засолниште за некои од речиси два милиони бегалци во Газа.

Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските Лазарини изјави дека Израел ги информирал ОН дека повеќе нема да дозволува конвои со храна на УНРВА во северна Газа.

На заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го повика Израел да ги отстрани преостанатите пречки и за да може да се достави доволна хуманитарна помош до луѓето во Газа. Гутереш го повтори својот повик за итен хуманитарен прекин на огнот во Газа.

Шефицата на бугарската дипломатија и мандатар за состав на новата коалициска влада, Марија Габриел, од централно-десничарската партија ГЕРБ, изјави дека не е постигнат договор за формирање нова влада со централно-десничарската партија Промените продолжуваат (ПП).

Двата политички табора по парламентарните избори минатата година, ГЕРБ и ПП, направија договор за поделба на власта, според кој функцијата премиер ќе биде ротирачка. Првите девет месеци премиер беше академик Николај Денков, пренесе Хина. Се очекува Габриел да достави писмо до Народното собрание за тоа дека ја повлекува кандидатурата за премиер.