Loading Video...
Свет
10. March 2024 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Турската полиција разби група поврзана со Исламска држава која планирала напади пред локалните избори во земјата кои ќе се одржат кон крајот на месецов. 

Уапсени се 33 луѓе кои подготвувале и барале каде да оперираат пред изборите на 31 март. 

Турски власти велат дека антитерористичката полиција во северозападна Турција во рациите пронашла оружје, пари и документи за организацијата. 

Мрежата обезбедувала луѓе за воените зони и финансиска поддршка за Исламска држава додека оперирала од илегални џамии и верски училишта. 

Терористичката организација Исламска држава е одговорна за крвавите напади во Турција во изминатите 10 години. Во 2015 година загинааа повеќе од 100 луѓе во напад на мировен митинг во Анкара. 

Инаку, претстојните локални избори ќе бидат последни за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој е основач и лидер на Партијата на правдата и развојот. Од 2014 година е претседател, а претходно 10 години беше премиер на Турција. 

Исходот на локалните избори ќе има значително влијание врз плановите на Ердоган за политичко наследување. 

Продолжуваат студентските немири во Грција. Синоќа по полноќ 20-тина студенти со качулки запалиле неколку автомобили паркирани близу универзитетскиот кампус во Зограф.

Со молотови коктели и камења ги нападнале и полицајците кои го набљудувале местото и поставувале барикади. 

Во изминатите денови во Атина често има судири меѓу студентите и полицијата. Молотовите коктели и солзавецот се користат речиси секојдневно откако Грчкиот парламент донесе реформи во образованието со која им овозможи на странските приватни универзитети да отворат филијали во земјата. Тоа според студентите ќе ги девалвира дипломите од државните универзитети. 

Грчките власти реформата ја правадаат со големиот број грчки студенти кои секоја година се одучуваат да се школуваат во странство. Сметаат дека со оваа реформа ќе се намали егзодусот.

Започнува доставата на хуманитарна помош по воден пат за Газа. Помошта ќе тргнува од Ларнака, Кипар, а за првата пловидба обезбедени се 200 тони храна. Во Средоземното Море пристигна и американски брод кој доставува опрема за изградба на привремено пристаниште во близина на брегот на Газа. 

Но додека Западот во трка со времето се обидува да достави што е можно поголема хуманитарна помош за палестинското население во Газа, продолжуваат нападите на израелската армија. Само вчера убиени се десетици во бомбардирањето врз Газа. 

Изморени сме, се колнам. Ве молам сочувствувајте со нас. Сакаме прекин на огнот и крај на се ова. 

На ден пред одбележувањето на Холокаустот низ европа произраелски и проевропски протести. 

Евреите во Лондон дувајќи на традиционалните рогови од овен побараа ослободување на израелските заложници на Хамас.

-Јас сум актерка, тетка и баба. И од 7 октомври и јас сум заложник, како секој Евреин во светот. Заложник кој ја дели болката и стравот, вели актерката Маурин Липман. 
Додека израелскиот претседател Исак Херзог држеше говор во Музејот на холокаустот во Амстердам пропалестински демонстранти побараа прекин на огнот.

-Тука сум денеска бидејќи солидаризирам со Палестинците, и со Евреите. Денеска сум тука бидејќи во моментот се случува геноцид, а мојата влада по поддржува и тоа со мојот данок, вели Донја Гроен.

Порака за ослободување на заложниците  испрати и израелската амбасадорка во земјава на комеморација на жрвите од холокаустот која денеска се одржа во Битола. 

И додека Палестинците се подготуваат за празнување на големиот муслимански празник Рамазан, Израел гарантира дека ќе им овозможи на сите верници безбедно да ја посетат џамијата во Ерусалим.