Loading Video...
Свет
23. November 2023 - 13:00

Преглед на вестите од светот

Одложен почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинската воена организација Хамас. Договорот кој предвидуваше борбите меѓу двете страни да прекинат во 10 часот по локално време, не се применува, а официјален Тел Авив информираше дека ослободување на заложниците најрано може да почне утре.

Палестинската страна потврди дека ќе има доцнење во спроведувањето на договорот, а таквата ситуација се должи на одлуката кои затвореници ќе бидат ослободени и на кој начин да се спроведе ослободувањето. 

Главен проблем се имињата на израелските заложници кои први треба да бидат пуштени. Тоа треба да се надмине во рок од 24 часа, и целата операција да почне од петок, соопштија од Хамас.

Ваквите информации предизвикаа разочарување кај Израелците кои се надеваа дека ќе ги видат живи и здрави своите роднини.

Во меѓувреме Израел продолжи со нападите врз палестинските позиции во Газа. Првиот човек на израелската Армија генерал полковник Херзи Халеви, утрово во раговор со командантите во израелската армија посочи дека мирот е постигнат поради ослободување на заложниците, а потоа акцијата продолжува до конечна победа.

Според тоа што го обајвија двете стани вчера, предивидено е да бидат ослободени околу 200 лица, односно 50 заробеници на ХАМАС и 150 затвореници на Израел. Лицата кои ќе бидат ослободени од двете страни ќе бидат помлади од 19 години.          

По 11 дена поминати под уранитини во тунел, денеска се очекува да бидат ослободени 41 работник во Индија. Работниците се заробени под земја, во тунел во изградба во индиската држава Утар Аханд. 

Спасувачите информираа дека се очекува тие да бидат ослободени денеска, со оглед на тоа дека треба да се расчистат само уште неколку метри за да се дојде до нив.

Работниците се се уште живи благодарение на пробиениот отвор преку кој им се доставуваше храна, вода и лекови, информираа индијските власти.

Засега не се познати информациите за тоа што го предизвикало уривањето на тунелот. Првичната истрага покажала дека станува збор за подрачје подложно на лизгање на земјиштето, земјотреси и поплави.