Loading Video...
Свет
29. March 2024 - 12:20

Преглед на вести од светот

Истрагата за исчезнатото девојче Данка Илиќ од Србија има нов тек откако Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на две годишното девојчето Данка Илиќ. Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата, а врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила лицата. 

Двегодишната Данка Илиќ, исчезна во вторникот во Бањско поле кај Бор.

 

Владата на САД и додели на државата Мериленд 60 милиони долари федерална итна помош како одговор на уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор.

- Можам да известам дека од попладнево, администрацијата на Бајден-Харис го одобри барањето и ние сме длабоко благодарни на претседателот Бајден, на секретарот Бутиџиг, на нашата федерална делегација и на сите наши федерални партнери“, рече гувернерот на Мериленд, Вес Мур

Тој претходно во четвртокот побара 60 милиони долари, а Федералната управа за автопати при Министерството за транспорт на САД го одобри барањето за неколку часа. Таквото барање за финансиска помош обично трае со денови, но претседателот Џо Бајден им рече на новинарите во вторникот дека и наложил на федералната влада да ги „помести небото и земјата“ за брзо обнова на мостот. Мостот се урна рано во вторникот масивен товарен брод што ја загубил струјата удри во еден од столбовите на мостот.

 

Во автобуска несреќа во јужноафриканската провинција Лимпопо загинаа најмалку 45 лица. Едно лице преживеало со тешки повреди. Се работи за 8-годишно девојче. Според првичните сознанија, возачот изгубил контрола над автобусот и паднал од мост кај Ммаматлакала во провалија, каде возилото се запалило. Операцијата за пребарување продолжува, но, како што се вели, многу тела се изгорени до непрепознатливост и сѐ уште се заробени во остатоците од автобусот. Автобусот имал боцвански регистарски таблички, а националноста на патниците сѐ уште се проверува.

 

Во синоќешните израелски напади врз северниот сириски град Алепо загинаа најмалку 38 лица, меѓу кои и борци од либанското шиитско движење Хезболах. Сириското Министерство за одбрана соопшти дека при израелските напади погодени се неколку области во и околу градот при што загинале одреден број цивили и војници.

 

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, беше регистрирани по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.