Loading Video...
Свет
16. July 2024 - 16:42

Преглед на вести од светот

Републиканската партија официјално го номинираше  Доналд Трамп  како кандидат на паријата на претседателските избори во САД закажани за номеври.   Четирдневната национална конвенција на републиканците почна вчера во Милвоки.. Трамп се појави на настанот  со завој на десното уво а делагатите во салаата го дочекаа  со музика и аплауз. Тоа беше неговото прво појавување во јавноста, по обидот за атентат.  Трамп го избра Џејмс Дејвид Венс за свој потпретседателки кандидат .. 39-годишниот сенатор од Охајо и автор на бестселерот „Хибили Елегија“ е дипломиран правник и служел во американската армија за време на војната во Ирак. Пред осум години, во пресрет на претседателските избори во 2016 во САД, Венс беше жесток критичар на  Трамп. Јавно го нарече „идиот“ а Приватно го споредил со Адолф Хитлер. Но отакко Трамп стана претседател , Венс стана истакнат неговт поддржувач. .Инаку Венс  е гласен критичар на американската воена помош за Украина  во војната со Русија.   ТРамп во четвток ке одржи говор  и  ќе официјално ќе прифати   по трет пат  да биде републикански претседателски кандидат.

 

Роберта Мецола е реизбрана за претседателка на Европскиот парламент со огромно мнозинство. .  На првата седница по  европските избори,  европратениците во Стразбур ѝ дадоа доверба на Мецола уште во првиот круг на гласање со 562 од 720 гласови. Нејзината противкандидатка Ирене Монтеро од групата  Левицата,  доби 61 глас. 45 годишината Мецола е од малтешката конзервативна Национална партија, која е дел од групата на Европската народна партија. По изборот во орбакањето пред европатениците, Мецола порача- Европа мора остане достапна за сите, во која ќе нема место за политики на конфронтирање, поделби на „ние“ и „тие“ и поттикнување гнев и омраза.

 

Заедно, мора да се залагаме за политиката на надеж, за сонот за Европа. Сакам луѓето да го вратат чувството на доверба и ентузијазам во нашиот проект. Доверба дека ќе го направиме нашиот заеднички простор побезбеден, поправеден и поеднаков. Доверба дека заедно сме посилни и подобри. Доверба дека нашата Европа е за сите. Мора да бидеме подготвени да ја пружиме раката на Европа на луѓето кои гледаат кон нас во Украина, Молдавија и Грузија и на сите оние од Западниот Балкан на кои предолго им се ускратува напредокот, истакна Мецола.

Мецола,  беше првиот лидер на ЕУ што ја посети Украина по избувнувањето на војната. Претседателот  на ЕП се избира со мандат од две и пол години.