Loading Video...
Свет
17. October 2020 - 16:51

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Зголемениот број случаи со коронавирус во Европа наскоро може да доведе многу болници до крајот на нивните можности, преудпреди  Светската здравствена организација. Овој тренд го загрижува СЗО бидејќи сезоната на грип исто така ќе ја зголемува потребата од болнички кревети вели првиот човек на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус. Од Женева тој ги повика земјите да усвојат единствен пристап кон Ковид-19 и грипот, бидејќи и двете болести можат да бидат поразени со иста стратегија - далечина, чисти раце, маски и добро проветрени простори. Минатата недела, бројот на пријавени нови  случаи во Европа бил скоро трипати поголем отколку во екот на пандемијата во првиот бран во март покажуваат податоците на СЗО. Дел од европските земји  повторно пријавија нови рекорди по бројот на новозаболени од корона вирусот. Дека ситуацијата со  вирусот во Гемрнаија  се приближува да излезе од контрола говорат и драмаитчните пораки на Меркел во изминатите два дена.

Германија во последното деноноќие регистрирала 7830 нови случаи со коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата. На светско ниво и натаму најкритична е ситуацијата во САД – 220 000 починати и 8 милиони заразени. Емотивна порака до семејствата кои загубиле член од семејството поради вирусот стигна од Доналд Трамп,кој неодамна се опорави од својата битка со болеста. 

Позитивна вест пак стигна од Кина. Во Кингдао заврши експресното тестирање на сите 11 милиони жители и нема нов случај на коронавирус. Градските власти наредија тестирање на целото свое население откако беа откриени 13 случаи на коронавирус, што беа први локални трансмисии по повеќе од два месеца.