-->
-->
Прегазено шестгодишно дете на македонските патишта
-->
Прегазено шестгодишно дете кај Битола, детето било итно пренесенно во болница.
Според информациите на МВР, во с.Будаково-битолско вчера околу 15 часот, патничко моторно возило „Опел Вектра“ со швајцарски национални ознаки управувано од А.Б.(29) од с.Канатларци удрил во шестгодишно дете, кое управувало велосипед.
Возачот со повреденото дете се упатил кон Битола, но по пат се пресретнал со екипа на Итната медицинска помош што го пренела детето во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Битола.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот