-->
-->
Прегазено 10-годишно дете во Скопје - итно пренесено на Клиника
-->
Вчера во 13 часот и 13 минути во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на улица „Александар Урдаревски“,имало сообраќајна незгода.
Имено В.В. (32) од село Мирковци, скопско, управувајќи патничко возило „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, удрило во 10-годишно момче од Скопје, кое возело велосипед, се вели во соопштение од полицијата.
При ударот детето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал