Македонија
28. јуни 2016 - 14:26

Прегазен пешак во Велес

Вчера околу 20,40 часот во Велес на крстосницата од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Благој Ѓорев“ случена е сообраќајна незгода во која Б.Н. (44) од Велес управувајќи патничко моторно возило „Форд Фокус“ со велешки регистерски ознаки удрил во пешакот Б.А. (73) од Велес.

Во незгодата пешакот  се здобил со тешка телесна повреда (исчешување на десно рамо, фрактура на глава на десна рамна коска и шинување на десно колено), по што е пренесен и задржан на лекување во ЈЗУ-Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.