Македонија
7. October 2015 - 11:03

Прегазен пешак во населбата „Ѓорче Петров“

Пешак загина поминувајќи пешачки премин во скопската населба „Ѓорче Петров“.

Сообраќајката се случила утрово околу 6 часот на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Мајски манифест“.

Прегазен е маж на возраст од околу 70 години, а од полицијата најавуваат дека детали ќе бидат познати во текот на денот.

Според првичните информации од очевидци, пешакот поминувал на пешачки премин.