-->
-->
Прегазен 70 годишен пешак во Скопје
-->
Од повреди здобиени од удар од товарно моторно возило денеска претпладне во Скопје почина 70 годишен пешак.
Според МВР, околу 7 часот изутрината на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода во која што товарно моторно возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистерски таблици удрило во пешакот Живојин К.(70) од Скопје. Пренесен е во Ургентниот центар за укажување лекарска помош, но по кратко време им подлегнал на повредите.
Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Андоновска: Четворица вработени од Зоолошката градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, а еден од нив утре ќе биде тестиран за птичји грип
-
Утре нова промена на цените на горивата
-
За неколку минути од Либан лансирани приближно 70 проектили кон Израел
-
Третпат снема струја на Куба
-
АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид: Младо момче тешко повредено
-
На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар