Предупредување за жените: И пукна имплантот во задникот, сега е во кома
Серена Бофорд (27) тренирала во теретана. Кога нејзината пријателка завршила со тренингот, се обидела да ја сними Серена како прави чучњеви за на Инстаграм.
Додека ги работела вежбие, се слушнал силен звук, поради што таа веднаш застане. По застрашувачкиот звук, Серена паднала на подот и врескала во агонија од болка.
-Слушнав силен тресок и видов жената како паѓа на под. Врескаше во агонија „го снема мојот задник“. Немав поим за што се работи додека не забележав дека едната страна од задникот и недостасува. Секогаш во теретана сакаше да се покажува и да привлекува внимание кај машките додека тренираше, вели тренерот.
Таа итно е пренесена во болница и се наоѓа во кома предзвикана од траума. Лекарите велат дека е во многу сериозна состојба.
Сестрата на Серена, Џеки Борфорд вели:
-Мојата сестра Серена беше во непроверена клиника за да добие задник каков што сакаше. Стана позната на Инстаграм, па дури доби и работа во клубот. Момчињата ја гледаа поинаку и почнаа да и купуваат скапи работи, само поради нејзиниот задник.
Клинката во која Серена хируршки го зголеми задникот сега е под истрага.
Постои тренд кој е во пораст жените да бараат инјекции за зголемување на заднико, како и хируршки операции со вградување импланти до нездрави размери. Студииите покажуваат дека трендот настана благодарение на јавните личности како Ким Кардашијан, Ники Минаж и Иги Азалеа кои се обожувани токму поради големите задници.
Според лекарите, Серена ќе мора да се оперира за да се исправи штетата направена со лоша операција. Психолозите предупредуваат дека ваквите операции не се здрави за телото и не се предвидени да бидат долготрајни.
Ново на Сител
-
Одбележување на денот на семејството, НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ
-
Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено
-
ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
-
Прегласувањето во Струга почна навреме, процесот тече непречено
-
Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
-
Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат
-
Доналд Трамп најави правни мерки против автори на филм за неговиот живот
-
Ѓорческа елиминирана во првото коло на Ролан Гарос