Предупредување за пушачите: Никотинот создава промени во мозокот како кај наркоманите
Никотинот во цигарите создава зависност како дрога бидејќи во мозокот на пушачите се случуваат хемиски промени, слични на оние кои во мозокот на глувците создаваат кокаинот, хероинот и другите видови на дрога, тврдат научниците од американскиот институт за борба против зависности, врз основа на истражувања на човечки мозоци кои овој орган го оставиле во научноистражувачки потреби.
- Секоја клетка на мозокот е машина која произведува пептиди, а кои може да се наречат рецептори. Тие овозможуваат комуникација меѓу клетките и ја претставуваат чувствителноста на мозокот на дрога. Истото се случува и со рецепторите во мозокот на пушачите- објаснува доктор Рој Вајс член на истражувачкиот тим, загрижен заради долготрајните промени кои ги создава никотинот.
Со истражувањето билое опфатени пушачи кои се откажале од цигари долги години пред смртта, но нивниот мозок не оздравел од последиците на делувањето на никотинот.
Овие резултати покажуваат дека зависноста од пушење заради никотинот предизвикуваат структурни промени во мозокот кои траат повеќе години, дури и кога ќе се прекине со пушењето.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром