-->
-->
Предупредување до жителите на западна Грција поради невремето „Богдан“
-->
Невремето „Богдан“ од Италија, денеска се очекува да го зафати западниот дел на Грција, а до жителите на три области беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи, да избегнуваат непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина.
Доцна синоќа, порака добија сите оние кои се на островите во Јонско Море, со исклучок на Закинтос, како и во областите Епир и Етолоакарнанија, во следните 24 часа да избегнуваат непотребни движења. Со одлука на заменикот префект на Крф, сите училишта на островот, денеска, превентивно ќе бидат затворени, откако вчера беше одржан состанок на координативниот центар за цивилна заштита, а сите служби во конкретниот регион се во состојба на готовност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг