Живот
5. October 2016 - 21:37

Предозиран брачен пар лежеше на тротоарот, минувачите им се смееја

Вознемирувачка сцена снимиле минувачите во Мемфис кога забележале брачен пар кој се предозирал од хероин, објавија американските медиуми.
 
Снимката во САД се рашири многу брзо, посебно поради фактот што во последно време се снимени многу вакви сцени во јавноста.
 
Во следното видео може да видите маж и жена под влијание на дрога, тиа ја консумираат во тоалет, а потоа лежат на тротоарот, додека минувалите ги исмејуваат и снимаат.
 
Како што пишуваат американските медиуми, на местото пристигнала и Брза помош која ги однела на детоксикација.